Крупајско врело: Овој рај на Земјата вреди да се посети барем еднаш!

21 јуни, 20200
221353_shutterstock-626170334_ff

Крупајско врело е изворот на реката Крупајска, а се наоѓа помеѓу селата Милановац и Крупаја во подножјето на планината Белјаница во соседна Србија. Неговите пејзажи се неверојатни, па не е воопшто чудно, што сè повеќе туристи го посетуваат ова место. Вистинско време е да ги истражите сите пејзажи, во должина и ширина, па предлагаме да започнете прво од Крупајското врело. Оваа дестинација, која нуди волшебни пејзажи, е совршеното место за краток одмор.

Крупајско врело спаѓа во групата карстни извори. Температурата на водата во пролет се движи од 9-11 ° C. Оригиналниот изглед на местото е променет со изградбата на бетонска брана, која формираше езеро долго 40 метри и широкп 17 метри. Браната е изградена за потребите на мелницата, која сè уште работи.

Со истражувањето на ова место досега е достигна длабочина од 123 метри. Како и сите карстни извори, Крупајското врело се карактеризира со големи промени во количината на вода што ја произведува во текот на една година. Во близина на мелницата, има бетонска фонтана со пет метални цевки, по која тече топла вода од каптиран извор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi