Ласица заразила две лица со коронавирус во Холандија!

popara26 мај, 20201min00
ласица

Ласица заразена со корона вирусот ја пренесе болеста на две лица во Холандија, а тоа е, најверојатно, првиот ваков случај за време на пандемијата, соопштија надлежните.

Министерката за земјоделство Карола Шутен рече дека ласиците, носители на вирусот, биле пронајдени во четири од вкупно 155 фарми каде што се одгледуваат за крзно.

Според неа, ризикот од слично пренесување на болеста од животно на човек е „занемарлива“ надвор од границите на фармата.

„На една од трите фарми, изворот на инфекција беше човек, додека четвртата е под истрага“, истакна Шутен.

Директорот на холандскиот институт за здравство (РИВМ), Јаап ван Дизел, изјави дека, иако е познато дека луѓето заразиле неколку мачки и други животни со корона вирусот, пренесувањето на болеста од ласици на луѓето е единствен случај за пренесување од животно на човек.Законот со кој се забранува размножување на ласиците во Холандија беше донесен во 2013 година, а преостанатите фарми ќе бидат затворени во 2023 година.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag