Латино убавицата и згодниот сопруг сè уште уживаат дома и објавуваат голи фотографии од луксузната вила

popara19 мај, 20201min00
Naslovna

Софија Вергара објави неколку фотографии и видео на Инстаграм, и се чини дека не и ’пречи што мора да биде дома.

Актерката Софија Вергара ужива да поминува време со сопругот Џои Манганиела во нивната раскошна палата на Беверли Хилс, а парот викендот го поминаа уживајќи во базенот.

47-годишната убавица објави неколку фотографии и видеа на Инстаграм, а се чини дека не и е тешко време да е дома.

„Ние сме сè уште дома“, напиша таа во описот на фотографиите на кои ужива на сонцето. Таа исто така објави видео во кое нејзиниот сопруг учи куче да плива.

View this post on Instagram

😍😍😍😍😍😍

A post shared by Sofia Vergara (@sofiavergara) on

Софија и Џои се во карантин со синот на актерката Манол и нејзината внука Клаудија која неодоливо потсетува на неа. Софија го доби Манола со нејзиниот поранешен сопруг Џое Гонзалез, од кого се разведе во 1993 година.

Манганиело и Вергара се во брак пет години, но немаат деца заедно. Церемонијата, за која потрошија три милиони долари, се одржа на Флорида.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma