Легендарната изјава на Опра Винфри: Кога ја прашале што е среќа, еве што одговорила

5 август, 20200
опра 1

Опра Винфри успеала од сиромашна девојка да стане успешна бизнис жена, а рецептот за среќа и успех таа несебично го дели со милиони луѓе.

Нејзиниот совет и зборови се цитираат, а еден одговор е особено популарен. Кога ја замолиле да даде совет за среќен и исполнет живот, таа вака одговорила:

“Живеам во убав простор кој го создадов и кога излегувам од дома, одам до езерото и ги гледам патките, ја гледам тревата и гледам преубава куќа на ридот. Тогаш се присетувам на малата Дороти од “Волшебникот од Оз”, во која се вели дека не треба да гледаме подалеку од сопствениот двор, рекла таа. “Можеби не сме ни свесни за се што имаме и колку е тоа големо. Секогаш бараме нешто повеќе, а вистината е дека најмногу вреди она што е наше. “

“Најважно од се е да се чувствуваме добро во сопствената кожа, без оглед на светот околу нас. Ќе има и тешки времиња,а ќе има и убави. Ние мораме да се задржиме себе и да продолжиме да се сакаме себеси.” 

Опра е уверена дека е многу важно да имате време за себе, време во кое нема ништо да работите. Ако можеме да си го дозволиме задоволството да не работиме ништо, нашиот мозок ќе се ресетира и одмори, би бил подготвен за поголеми предизвици. Секој ден украдете еден час за себе во кој нема да правите ништо. Дишете и одмарајте.

Сè тргнува од нас самите. Кога сме среќни и имаме мир во душата, светот станува поубаво место. Секој би требало да го усвои овој совет.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi