Невообичаена појава кај пациенти заболени од Ковид-19, што ги збунува лекарите.
Британските лекари забележале дека некои пациенти со корона вирусот имаат изненадувачко ниско ниво на кислород во организмот, а оваа состојба се нарекува „тивка хипоксија“.
Тие се чувствуваат добро, свесни се и способни да комуницираат и покрај огромниот пад на заситеност на кислородот што може да предизвика несвестица или смрт, пренесува Сан.
Здравото лице треба да има заситеност на кислород од најмалку 95%, меѓутоа, во Велика Британија, поголем број луѓе се пријавени во болницата со ниво на кислород од 80% или 70%, а некои дури имаа и ниво под 50%.
Д-р Џонатан Бенард-Смит, анестезиолог во Центарот за итни случаи во Манчестер, вели дека во повеќето случаи, ако заситеноста на кислородот падне под 75%, пациентите ја губат свеста.
– Интригирачки е да се видат толку многу луѓе кои доаѓаат во болница и се хипоксични. Оваа појава обично не се среќава кај грип или пневмонија. Работата е многу покомплицирана и пример за многу необична физиологија на пациенти заразени со корона вирус што се случува пред наши очи – вели докторот.
Од друга страна, лекарот Мајк Чарлсворт објасни дека во услови како пневмонија или белодробна емболија, пациентите не можат да разговараат со своите лекари.
– Со пневмонија или белодробна емболија не би седеле во кревет и не би разговарале со нас. Не разбираме како е можно ова, не знаеме дали се работи за органско оштетување што не можеме да го откриеме и не разбираме како телото го компензира – рече тој.
– Пациентите кои имаат пад на заситеноста на кислородот изгледаат болни, но тоа не може да се каже и за случаевите заболени од корона вирусот“, додава д-р Чарсворт.
Сепак, оваа состојба може да залажува и да предизвика сериозна хипоксија.
– Кај еден пациент, нивото на кислород беше само 30 проценти. Пациентот беше ставен на респиратор, но почина по една недела. Имав неколку такви пациенти и според моето искуство, обично завршува лошо – раскажува анестезиолог од Лондонска болница.