Љубовниот бродолом меѓу Ким Кардашијан и Канје Вест!

popara3 јуни, 20201min00
Naslovna

Во последните неколку недели се шпекулира дека не е сè во најдобар ред помеѓу Ким Кардашијан и Канје Вест.

Според изворот на американскиот таблоид “Life&Style”, и покрај тоа што парот има убав дом, раперот претпочита да остане во канцеларијата до раните утрински часови, додека Ким е сама дома и се обидува да постигне баланс помеѓу воспитување на децата, студирањето на право и одржување на империјата, пренесува „TeenStar“.

„Изгледа дека е заробена во затворот направен од Канје Вест. Тој воопшто не е заинтересиран за нејзините критики, сè што сака е таа да му се симне од грбот “, вели изворот. Канје верува дека сега е моментот кога треба да се прослават неговото име и неговата музика, како и фактот дека се пробива во модната индустрија.

„Неговото его порасна уште повеќе откако Forbes го прогласи за милијардер во април годинава, и покрај тоа што рече дека му биле одземени неколку милијарди долари. Оттогаш, тој започна да ја контролира Ким уште повеќе. Не само што ја избира нејзината гардероба, туку се обидува да ја контролира како да е робот, и се лути на неа ако не го слуша“, објаснува изворот.Ким, наводно, веќе разговарала за потенцијалниот развод со нејзиниот правен тим, иако знае дека Канје никогаш нема да ги потпише тие документи.

„Тој е параноичен дека таа ќе го земе неговото богатство и тој ќе стори сé за да го спречи тоа“, наведува изворот. Веста, наводно, оди дотаму што се обидува да ги прекине нејзините врски со семејството.

„Тој ја избрзува кога таа зборува со нив  по телефон или не и дозволува да одговори на пораките“, наведува изворот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag