ЛУДИЛО: Пукале во работниците во Мекдоналдс, бидејќи не работеле поради корона вирусот!

popara7 мај, 20201min00
1

Двајца вработени во Мекдоналдс биле застрелани откако побарале од клиентите да го напуштат ресторанот поради воведените мерки за корона вирусот!

Овој инцидент се случил во Оклахома, САД, јавува СNN.

Полицијата изјавила дека осомничените, откако работниците побарале да излезат, се налутиле, го извадиле оружјето и почнале да пукаат.

Двајца работници се ранети, а третиот е полесно повреден во пукањето.

Полицијата соопшти дека едниот бил застрелан во ногата, додека другиот бил застрелан во рамото. Повредените работници не се во животна опасност.

Осомничените побегнале по пукањето, но наскоро биле уапсени, пренесува CNN.

Овој инцидент е еден од бројните протести на американците против рестриктивните мерки воведени за спречување на ширењето на коронавирусот.

CNN наведува дека во Мичиген, член на обезбедување бил застрелан, откако му рекол на клиентот дека мора да носи заштитна маска.

Во Мичиген се случил и друг инцидент кога едно лице го избришало носот на ракавот на вработениот, откако вработениот му рекол да облече заштитна маска.

Слични инциденти поради заштитни маски се случиле во Јужна Калифорнија.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag