Корона вирусот, кој однесе повеќе од 360.000 животи низ целиот свет, почна да напаѓа и миленичиња.
Само неколку случаи на кучиња и мачки се регистрирани ширум светот, а последното заразено милениче од овој опасен вирус е мачка од Москва, која била дијагностицирана од страна на ветеринар.
Во исто време, таа е прва мачка во светот што е присилно карантирана, пренесува RT.
Имено, на сопственикот му било наредено по секоја цена да не ја пушта мачката да излезе од станот! За среќа, не се изречени дополнителни мерки, бидејќи нема докази дека вирусот може да се пренесе од мачки на луѓето.