И кога помисливме дека сме виделе се од кралицата на поп музиката, сфаќаме дека сме биле во заблуда. Мадона со новата објава на Инстаграм отишла чекор понапред и ја шокирала целата светска јавност.
Пејачката наскоро ќе наполни 62 години, но тоа не ја спречило во идејата да се фотографира во долна облека- целосно провиден градник и црни гаќички длабоко засечени во интимната зона.
– Моментална гардероба. На сите кои се навредени од мојата фотографија да им кажам дека дипломирав на Универзитетот “Баш ме заболе”. Ви благодарам што дојдовте на мојата церемонија- истакнала Мадона.
На ова бремената Кети Пери се јавила со коментар: “О мој боже! И јас само што го запишав тој факултет!”
Но повеќето од останатите коментари биле негативни.
Што мислите вие?