Откако неодамна шокираше многумина со објавување на фотографијата на која се гледаат нејзините голи гради и препоните, Мадона сега повторно сподели фотографија на која е гола.
Овој пат, таа беше фотографирана во гаќички, а ги покри своите голи гради со рацете.
Пејачката, која ќе наполни 62 години следниот месец, повторно предизвика бура од реакции со нејзиниот потег, а додека некои ја поддржуваат, други сметаат дека таа покажува премногу.
Мадона учествуваше во антирасистички протести во Соединетите држави минатиот месец по убиството на афроамериканецот Џорџ Флојд од страна на полициски службеник.
Поп-ѕвездата потоа се појави на улицата со штаки, со кои шета од октомври минатата година, поради повреда на коленото за време на настапот во Париз.