Мајчин магичен пијалок: Мајчиното млеко штити од корона вирусот?

popara17 април, 20201min00
Насловна

Многу пати сме слушнале дека мајчиното млеко се споредува со магичен пијалок. Тоа е навистина точно. Се менува во зависност од потребите на бебето, помага во борбата против алергии, се бори против болеста и го зајакнува имунолошкиот одговор. Во моментов постојат теории дека мајчиното млеко исто така може да помогне во борбата против сегашниот непријател – коронавирусот. Една од причините зошто мајчиното млеко е толку моќно е што содржи антитела кои им помагаат на бебињата да се справат со болеста. Антителата се важен дел од човечкиот имунолошки систем. Кога вирус, бактерија или нешто друго го напаѓа телото, нашите клетки создаваат антитела кои се борат со инфекција. Антителата може да бидат клучен дел од битката со епидемијата на вирусот ковид-19.

Научниците во моментов работат на тест кој ќе покаже дали некое лице има антитела на коронавирус и дали може да се справи со инфекцијата. Многу научници веќе посочуваат дека веројатно има голем број на луѓе кои се заразуваат а кои немаат никакви симптоми и дури не го знаат тоа.

Ребека Пауел е научник кој тестира за присуство на антитела во млекото на жени кои биле изложени на коронавирус. Иако повеќето од другите се фокусираат на антитела во крвта, таа се фокусираше на истражување на мајчиното млеко.

Нејзината теорија е дека мајките што дојат може да развијат антитела како одговор на вирусот, така што тие се пренесуваат преку млеко на новороденчето. Без оглед на тоа дали мајката била позитивна за оваа болест или не, доколку била изложена на вирус, нејзиното тело веројатно започнало со производство на антитела. Затоа, нејзиното бебе станува заштитено од вирусот.

Многу жени се согласија да учествуваат во истражувањето и да донираат млеко за тоа.

Веќе знаеме дека мајките што дојат прават антитела на други вируси, како што е вирусот на грип, така што тие се пренесуваат на бебето преку млеко за да се заштитат. Затоа, сосема е разумно да се очекува дека „магичниот пијалок“ на мајката ќе се бори и со овој вид на вирус.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag