Мајли Сајрус со новата фризура потсетува на Тајгер Кинг!

popara9 април, 20201min00
majli naslovna

Ако сте барем малку активни на социјалните мрежи, сигурно сте ги забележале многубројните реакции за документарниот филм Tiger King на Нетфликс, кој стана вистински изолациски хит.

Главната ѕвезда во документарецот е ексцентричниот крал на тигри, Џо Егзотик, сопственик на приватна зоолошка градина со тигри, кој меѓудругото предизвика и лавина на коментари на социјалните мрежи и заради својата фризура т.н. избланширани фудбалерки со кратки шишки.

А многу слична фризура направила и Мајли Сајрус, па многу нејзини фанови се уверени дека за новиот изглед добила инспирација од Tiger King, со оглед на моменталната популарност на филмот.

Пејачката направила една грешка што во изолација одлучила сама да си ги скрати шишките, но ги скратила премногу, додека пак, фризурата фудбалерка ја имала веќе некое време. Новата фризура ја претставила на последното појавување во живо на Инстаграм, а за кратко време социјалните мрежи биле преплавени со слики во кои се прави споредба на Мајли и господин Егзотик.

Ја гледате ли и вие сличноста? Ова е сјано предупредување за сите вас кои планирате сами да си ги шишате шишките.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag