Македонците поделени и во Србија. Партијата на Македонците во Србија за бојкот, ДПМ ќе оди на избори. Македонски синдром… 

popara11 јуни, 20201min00
podelleni

Македонците во Србија на престојните парламентарни, покраински и локални избори ќе настапат согласно инклинирањето на српската политичка сцена. Демократската партија на Македонците (ДПМ), што е во коалција со Муамер Зукорлиќ и неговата Партија на правдата и помирување (СПП) ќе излезат на изборите, додека Партијата на Македонците во Србија (СМС), која, пак, е во коалиција со Демократската партија (ДС), а со тоа и Сојузот за Србија (СзС), ќе ги бојкотираат изборите.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, претседателот на Партијата на Македонците во Србија, Горан Илиевски по денешните разговори постигна договор за коалиција и соработка со лидерот на Демократската партија (ДС), Зоран Лутовац, со што оваа партија на Македонците прогласи официјално бојкот на изборите во Србија.

ДПМ денес потпиша договор за влегување во коалиција и соработка со Демократската партија, за што постојат повеќе причини. На прво место се загарантираните добри односи меѓу Србија и Македонија, што само од ДС и опозицијата во Србија ни ги гарантираа. Потоа тука е и заштитата на правото за националниот идентитет и зачувувување на јазикот, што во моментов во Србија е доведено во прашање – изјави претседателот на СМС, Горан Илиевски.

Со овој чин, оваа партија на Македонците, ќе стане и дел од опозициската коалиција Сојуз за Србија, која престојните избори во Србија ги прогласи за лажни, недемократски и без фер услови.

Со Партијата на Македонците во Србија потпишавме договор за заедничко дејствување, кој е во два правци – изјави за македонските медиуми лидерот на ДС, Зоран Лутовац.

Едниот е изградбата на подобри односи помеѓу Србите и Македонците во Србија и Србија и Македонија како две пријателски држави да ги унапредат своите односи. Второто ниво на соработка е на основ на идеолошката програмска блискост, бидејќи се залагаме за држава на социјална правда и добрососедски односи и тоа се темели на кои ја базираме нашата соработка – изјави Лутовац.

За разлика од нив, Демократската партија на Македонците во Србија (ДПМ), во коалиција со Партијата на правдата и помирувањето (СПП) на Муамер Зукорлиќ од Нови Пазар, како две малцински партии излегува на изборите со заедничка изборна листа, со цел да направи Сојуз на малцински партии, за да добијат можност за македонски пратеник во собранието, кој би ги застапувал правата на македонската заедница во Србија, изјави од ДПМ Маја Георгиевска.

Секој преставник на својата малцинска заедница најдобро ќе го застапува своето малцинство, ќе одлучува за својата судбина и побргу ќе ги решава проблемите, а не како досега што беше во српското Собрание да не застапуваат преставници на двете малцински заедници, на унгарското и на бошњачкото малцинство. Муамер Зукорлиќ ќе биде стожер на сите национални зедници во Србија, кои ќе се обединат околу оваа наша малцинска идеа – изјави Георгиевска.

Од познатите Македонци кои ќе земат учество на престојните избори се познатиот адвокат Тома Фила со Социјалистичката партија (СПС) на Ивица Дачиќ и познатиот фудбалер Бошко Ѓуровски, кој е кандидат за пратеник на партијата Здрава Србија на Милан Стаматовиќ.

Изборите во Србија се закажани на 21 јуни.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag