Македонија го прележа и последниот вирус

popara3 април, 20201min00
coronavirus-who-covid-19-temperature

За да им ја решам епидемијата на недоносените, велат морам прво да го најдам нултиот заразен. А за да го најдам истиот, ќе мора да започнеме од почеток.

Епидемијата во Македонија започна далечната 1993/94 та година со првата треска што го стресе ионака кревкото Македонско ткиво , наречена Трансприватизирана Пандемија. Таа за прв пат им зема душа на преку 200.000 вработени и ги покоси толку силно што многумина од нив ден денес ја чувствуваат болеста. Таа пандемија директно беше оркестрирана од Др. Дем Ред и неговата приватна ординација. Многу од тие доктори изумреа, но дел од нив ден денес се занимаваат со надри лекарство. Како класичен егзамплар ќе го земам Др.Пиславер Фрчкинсон од Рејбан сити Америка.

Др.Дем Ред немаше многу среќа па му се случи и втора зараза, позната како Кеопс Македоника-97. Таа страшна зараза сотре еден тон пензионери и сиромашни лица, кои залетани по откритието на Др.Ред си ги загубија и заштедите и здравјето. После оваа пандемија, кариерата на Др.Ред беше сериозно разнишана и мораше да го предаде своето диригентско место на Др. Лав Георгијаидис, грк по потекло ама некако тракиско. Значи ем Грк ем Бугарин, но најважно доктор специјалист за нафта и телекомуникации. Доктор Лав тогаш, што од среќни што од несреќни околности, имаше грипозни моменти но не со толку силен интензитет. Се појави специјалац доктор за Дем Вепон, кој сакајќи да влезе во неговиот тим специјалисти, на сила се обиде и успеа, не само да влазе туку и да го сардиса и Македонскиот народ и Др. Лав со неговата дружина. Тоа беше Др. Ал Ахтаргети од Саудиска Арабија. Велат дека од исто село бил со оној Лоренс, но ден денес тоа не е сеуште докажано. Таа силна пандемија наречена КЧУ-2001, го врати во игра и веќе заборавениот Др.Ред. Таа чума одзема еден куп пред се млади деца, кои штотуку испилени беа сериозно заразени и мораа да ја натопат со крв оваа намачена Македонска земја. Др.Ред и Др.Ахтаргети како заљубени гулапчиња, си оперираа секојдневно, но секој одделно во својот атар. Кога му боктиса на Др.Ред од таква дружина му раскина на докторот од арабија и си фати за него најприкладно професионално прибежиште. Ординација Џони Д Лавр со сериозен поглед од околниот рид. Го стави на своето место докторот и специјалист за тенковски и друга артилериска приказна Др. Буч Касиди, кој како невиден , кога виде што се има пред него, како вариола вера ја дамлоса Македонија.

И таман кога мислевме, така сериозно пелцувани, дека пандемии нема да не тресат повеќе, како феникс се појави Др.Ник Варади од Пешта (Будим не му бендисувал воопшто). Доктор Варади имаше земано пракса кај Др.Лав и тоа топтан фамилијарно, па затоа многу лесно се снајдоа во новостечената улога. И богами не тресеа и не стресоа отпојќе. Не чуми не вариоли вери мери јани и останата номенклатура бактерии,  ја потресоа државата како на 220v приклучени. Др.Ник искрено им даде чест и почест на сите Македонски дејци, револуционери, преродбеници. Ги накамени низ цела држава сите, но заборави на Др. Ред, Др.Буч Др.Лав и Др.Пислаер. Веројатно лути докториве, еден дел од нив, го изникнаа од намејкаде Др.Санрајс Ребитс од Северен Муртинистан и го профилираа како лидер на новонастанатата ординација. Налутен пред се, но повеќе од задоволен, Др. Ник се врати во Пешта, земајќи ги со себе (блиндирано) убавите ,,спомени,, на нашата напатена Македонија. Барем да земеше и по некој вирус со себе, можеби последниов ќе не болеше помалку. И дојде Др.Санрајс, со целиот ентузијазам во себе и во своите маринци. Развија нов систем на лечење, велат како Низоземска , со трева, притоа парадирајќи со пријателот од Франција со Италијанско потекло- Луиџи Витанезе. Се разбира менторите и ултра специјалисти од тимот на Др.Ник ,останаа да ги тренираат новоиспилените лекари од тимот на Др.Санрајс. Така обединети, силни секој во својот домен, решија сами да развијат вирус. Ама не обичен. Онаков рапиден. Толку силен што во светската историограгија и медицина сеуште невиден. И го спакуваа. Претпоставувам некаде на многу ладно, зошто вирус Северџан од Југ не доаѓа. Мора да е од север. Цел свет остана вџашен од нивното откритие. Толку изненаден, што ми е срам и во комшилуков да одам, за да не мора да се правдам.

Аплаузи на отворена сцена добија нашиве доктори. Алоооо.. не е заебанција дури до Нобел стигна Др. Санрајс. Само за негова штета, а за сите нас голем срам- статива.

Но кога цел свет навиваше за изумот на Др.Санрајс и неговата докторска булумента, се случи нешто непредвидено. Вирусот излезе од лабараторијата ,, Видаут Бекбоун,, и не сокапа сите ничкум. Не парализираше вирозата и не остави без кичма. Се допирам позади и …Кичма џанам пивтија.

Велат овој циклон вирус Северџан – 2019 ќе не боли доживотно, а ќе го влечат и наши потомци во иднина. Демек генетски бил, па ќе не јаде од генерација во генерација, со векови. И дојде Ковид бе. Мачљи кашаљ што би рекле оние од Бангладеш.

Си велам. Види господе што вируси преживеавме, зарем Ковид 19 ќе ни ја земе душата? Шанса нема. Ние станавме имуни на сите доктори и нивните вируси и болештии. Ќе го преживееме и Ковид и Ребит и во дуо ако треба и тоа со песна. Онаа нашата..единствена…Едно име имаме , во душата го носиме…

Знам дека на дел од нас, оние што никогаш немаа проблем со кичмите, пред се зошто ја немаат, нема ова да им бендиса, ама подобро ние да продолжиме костозглобно да се лечиме па да се исправиме, зошто овие малкуминава и со колоноскопија а богами и без неа, господ одамна ги има отпишано.

Исправи се Македонио. Не било и секогаш ќе не биде! Да сте ми сите здрави и живи. Се гледаме скоро без нашите вируси и бактерии. Слободни, здрави … исправени

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag