Според неофицијалните податоци денес бројот на новозаразени ќе ги сруши сите негативни рекорди. Според информациите во Македонија околу 170 лица се новозаразени, од кои околу 105 се само во Скопје.
Изворот кој сакал да остане анонимен, а е од здравствениот систем вели дека и самите медицински работници се вчудоневидени од растот на бројките на заразени особено во Скопје.
Официјалните бројки се очекува да бидат соопштение наскоро.
Институтот за јавно здравје информира дека во текот на вчерашниот ден регистрирани се нови 119 случаи на коронавирус во Македонија (Министерството за здравство соопшти за 120 новозаболени). Нови случаи на Ковид-19 има во 9 градови во земјава, од кои најголем дел се од Скопје (55.5%).