Македонија руши рекорди во регионот: Најмалку тестирани од коронавирус на милион жители, втора по бројот на заразени и смртни случаи

popara13 мај, 20201min00
mk

Македонија руши сите рекорди во врска со коронавирусот во регионот.

Имено на милион жители според најновата статистика нашата земја е последна според бројот на направени тестови со само направени 9.386 тестови, за разлика од првата на листата Словенија со направени 30.884 тестови на милион жители.

Најмногу тестирани на милион жители има во Словенија, 30.884 на милион жители, на второ место е Србија со 21.739, а на трето Црна Гора со 15.560.

На четврто место е БиХ со 12.260 на милион жители, Хрватска со 11.666 и Македонија со 9.386 тестирани на милион жители.

Македонија е и втора по бројот на заразени лица на милион жители, веднаш зад Србија.

Во Србија се регистрирани 1.459 заразени на милион жители, во Македонија 805, а во Словенија 706 инфицирани на милион жители.

На четвртото место е Босна и Херцеговина со 609 заразени на милион, потоа следат Хрватска со 541, Црна Гора со 514 и Албанија со 304 инфицирани на милион жители.

Бројот на инфицираните се изразува на милион жители поради поквалитетно споредување.

Македонија е и втора по бројот на смртност на милион жители во регионот.

Во однос на бројот на заразените најголема е смртноста во Словенија, 6,98 отсто, потоа во Македонија со 5,5 отсто, во БиХ 5,2 и во Хрватска 4,12 отсто.

Стапката на смртност во Албанија е 3,54, во Црна Гора 2,78 и во Србија 2,15 отсто.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag