За да се одржи младешки изглед, кожата бара постојана хидратација. Состојките на оваа маска имаат моќни својства кои ги регенерираат клетките на кожата, го затегнуваат и го враќаат изгубениот сјај.
За подготовка ви се потребни само две состојки, неколку бадеми и вода од роза, а нејзината ефикасност ќе ве изненади. Ако ја користите редовно, за еден месец ќе забележите дека изгледате значително посвежо и помладо.
Процесот подготовка е малку подолг, но верувајте ни, трудот се исплаќа.
Подготовка:
Потопете ги бадемите во млеко и оставете ги преку целата ноќ за да омекнат. Утрото измелете ги најубаво што можете, се додека смесата не се соедини и додадете ја водата од роза.
Нанесете ја на лицето и оставете да дејствува додека не се исуши. Потоа исплакнете.
Еве зошто овие две состојки се дел од оваа маска:
Бадемите се добра опција затоа што содржат витамин Е, кој е исклучително важен за здрава кожа и го штити од слободни радикали, додека шеќерите од розовата вода имаат смирувачки ефект и неговите природни масла ја апсорбираат влагата, помагајќи и на вашата кожа да се чувствува и да изгледа поубаво.
Некои експерти дури веруваат дека розовата вода игра голема улога во елиминирањето на штетата предизвикана од изложеноста на УВ здраците.