Маска за масно лице – како магија за кожа со акни

popara14 јули, 20201min00
imageedit_17_8430350892

Како што знаеме, постојат различни типови на кожа и сите од нив бараат посебно внимание. Најчестиот тип на кожа, особено во пубертетот, е мрсната кожа, со своите предности и маани. Иако таа е поеластична и подоцна во животот помага да се намалат брчките, во овој период таа нѐ мачи со акни, митесери и затворени пори, како и сјајно лице, особено со често користење на пудра.

За среќа, постојат многу природни и пристапни производи на пазарот, како и оние кои можат да се направат и дома, а делуваат подеднакво добро. Тие можат да помогнат да се врати pH вредноста на кожата, а со тоа, да се намалат и акните, за понатаму да ни останат помалку лузни на кожата од нив.

Маска за лице од јаболков оцет

Јаболковиот оцет е природно антибактериско и антисептичко средство, кое го смалува лачењето на жлездите, запушувањето на порите и намалувањето на бактериите кои предизвикуваат акни.

Јаболковиот оцет може да се користи и како тоник. Намокрете памукче во оцетот и нанесете на лицето, оставете да се исуши на кратко, и потоа измијте го лицето со млака вода.

Исто така, можете да помешате сода бикарбона и јаболков оцет, во размер таков што ќе се добие компактна смеса, налик на паста, која потоа ќе се нанесе на лицето. Таа треба да стои околу 20-тина минути, и потоа ќе го измиете лицето со млака вода, и ќе нанесете хидратантна крема, за да ја задржите влажноста на кожата.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag