Како што се наведува, маскираниот херој сака да остане анонимен и да продолжи да им помага на бездомниците
Непознат маж во Сантијаго облечен како Бетмен стана вистински хит на социјалните мрежи, бидејќи шета по улиците во главниот град на Чиле и им помага на бездомниците со тоа што им дава храна за време на пандемијата на корона вирус.
Човекот, кој инсистираше да остане анонимен, во костум на херојот и со заштитна маска на лицето, секој ден им доставува десетина топли оброци на сиромашните.
– Погледнете што се случува … Ако можете, посветете малку време, дајте малку храна, засолниште, понекогаш и збор за охрабрување на оние на кои им е најпотребно – рече Бетмен од Сантијаго.
Според најновите податоци, повеќе од 390,000 луѓе се заразиле со вирусот корона, а 10.578 починале.