Од сите латиноамерикански држави, Бразил е најпогоден од пандемијата од коронавирус.
Заради големиот број на починати од Ковид-19 властите одлучиле да копаат масовни гробници во кои ги погребуваат починатите.
Од градската управа во Манаос наведуваат дека гробниците наречени “ровови” започнале да се ископуваат и таму починатите од Ковид-19 се закопуваат еден до друг.
Во Бразил од коронавирус починаа 2 906 лица, а заразени се 45 757 лица.