Меган Маркл во петокот изјави дека е среќна што повторно се врати во Соединетите држави.
Таа призна дека има намера да се бори против расизмот и да се вклучи во промените во оваа земја, како и дека сака да воведе позитивни иновации.
Имено, Меган и Хари се преселиле во Америка откако се откажале од должностите како членови на кралското семејство, а неодамна се преселиле во нова вила во Санта Барбара.
Меган сега тврди дека било ужасно да се врати во земјата кога излегол на виделина „американскиот расизам“, но сега истакнува дека сè е променето затоа што можат да се слушнат гласни апели и „црни“ гласови кои зборуваат за повеќедецениската доскриминација.
– Нема повеќе тага, сега има инспирација, гледам дека работите се менуваат – рече таа.
Таа додаде дека сака да биде дел од сите големи промени на подобро.
„Затоа е добро да се биде дома“, рече Меган.