Меган призна зошто го наговори Хари да расчисти со дворецот!

popara29 април, 20201min00
profimedia-0418817117

Дојде крајот на сите шпекулации.

Откако Меган Маркл и принцот Хари се разделија од британското кралско семејство и избегаа во Канада и Лос Анџелес, се појавија разни толкувања зошто го сториле тоа, а едно од најновите е тоа што тајната ќерка на Лејди Ди ја предупредувала Меган дека принцот Чарлс е бескрупулозен убиец. Но, „Daily Mail“ сега пишува дека 38-годишната Меган се доверила на блиски пријатели и открила што навистина ја натерало да ги прекине сите врски со кралското семејството.

Ако медиумите ја злоупотребуваа Кејт како мене, кралското семејство немаше тоа да го трпи. Ако медиумите континуирано ја злоупотребуваа Кејт Мидлтон, нивната политика спрема медиуми ќе се променеше веднаш, наводно им кажала Меган Маркл на своите пријатели, откри неименуван добро познат извор. „Никој ова не би го трпел и тој застарен систем би се сменил. Злобните напади веднаш би прекинале “, рече војвотката од Сасекс.

За потсетување, минатата недела Меган и 35-годишниот Хари решија дека повеќе нема да соработуваат со британските таблоиди за начинот на кој се однесувале кон Меган, а Хари веќе има тужено неколку од нив на суд за објавување приватно писмо што Меган му го испратила на нејзиниот татко.

Таа исто така кажала дека нема шанси да трпи таблоидите да ја критикуваат за секој нејзин потег како млада мајка и дека Кејт била миленичка на палатата што сигурно би ја заштитиле доколку новинарите толку брутално ја напаѓале.

Meghan Markle

Пријателка на Меган откри дека таа му кажала на Хари дека работите само ќе се влошат и дека единственото решение е да го имаат повторно својот живот во сопствените раце. „Хари зазеде став со сопругата и семејството и јасно стави до знаење дека тој нема да може да функционира во сегашните околности и дека ако не се променат работите, тој ќе го напушти кралското семејство“, објасни изворот.

Таа исто така додаде дека никој не ја сфатил жалбата на Хари сериозно, па решиле да преземат драстична мерка. „Британските таблоиди го прогонуваат Хари цел живот и тој требаше одамна да ја прекина својата врска со нив. Системот беше расипан и Хари се обиде да го поправи. Кога тоа не функционираше, тој се грижеше за себе и за своето семејство “, изјавила пријателката на Меган.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag