Меган Маркл им се обрати на матурантите од средното училиште Immaculate Heart High од Лос Анџелес, во кое и самата учела. Зборувајќи за протестите и смртта на Џорџ Флојд, таа се присетила на трауматичното искуство кое го преживеала во детството за време на немирите кои избувнале во Лос Анџелес во 1992 година.
„Не сум сигурна што можам да ви кажам. Бев многу нервозна во врска со ова, но тогаш сфатив дека најлошото е да не прозборам ништо“ – рекла таа во говорот.
Во продолжение им предложила на учениците да бидат отворени кон различностите, а проговорила и за тоа како ги доживеала немирите во Лос Анџелес во 1992 година, откако 5 бели полицајци го претепале Афроамериканецот Родни Кинг.
„Имав 11 или 12 години и требаше да почнам да одам во ова училиште од есен кога се случија немирите кои истотака беа започнати од бесмислен расизам. Се сеќавам на полицискиот час и дека брзав дома, видов како пепел паѓа од небото, се сеќавам на мирисот на дим и видов како излегува димот од зградите. Видов како луѓе бегаат со торби. Се сеќавам дека видов мажи во комбе и имаа оружје во рацете. Кога стигнав дом, видов дека како дрвото, кое секогаш беше таму, гори. Вакви сеќавања не се забораваат.“ – раскажала Меган.
Таа со учениците го споделила советот кој го добила од својата учителка кога имала 15 години.
„Ми рече секогаш да ги ставам потребите на другите пред моите стравови. Минатата недела многу размислував за овој совет на кој се придржувам и ден денес.“
Меган и самата потекнува од мешано етничко семејство, татко и е белец, а мајка и афроамериканка. Во едно интервју во 2015 година се присетила како мајка и била мета на расистички навреди, кога некој ја нарекол „црнчуга“ додека таа била со неа.
„Очите и беа полни со солзи, а јас само и шепотев дека се ќе биде во ред“ – разкажала таа во оваа прилика.