Жените се соочуваат со многу поголем број на ментални проблеми од мажи предизвикани од пандемијата, затоа што им е потешко да ги толерираат воведените карантински мерки за борба против корона вирусот, покажа истражувањето.
Научниците од Институтот за социјални и економски истражувања од Универзитетот во Есекс тврдат дека на жените им е потешко да ја толерираат изолацијата, како резултат на карантинските мерки поради вирусот корона.
Оваа студија покажува дека бројот на оние кои имаат барем еден сериозен ментален проблем се зголемил меѓу двата пола по пандемијата.
Кај мажите, бројот на оние со најмалку еден сериозен ментален проблем се зголемил од 7 проценти на 18, а кај жените од 11 на 27 проценти, пренесува The Gardian.