Messenger не ви дозволува да испраќате фотографии и видеа? Ова е причината!

popara17 декември, 20201min0
меес

Корисниците на Фејсбук Месенџер низ цела Европа, вчера започнаа да добиваат порака дека „некои опции не им се достапни“, со образложение дека овие ограничувања се воведени поради „новите правила во врска со услугите за пораки во Европа“.

Пораката ја примија само корисниците на мобилната апликација, но веројатно ќе се појави и на десктоп верзијата.

Од 16 декември, поради промените што ги воведе во својата платформа за пораки, Фејсбук мораше да ограничи одредени услуги сè додека не ги усогласи со европските правила за заштита на личните податоци.

Ова се должи на промените воведени за време на спојувањето на платформите за пораки помеѓу Instagram, WhatsApp и Facebook Messenger. Ограничувањата се однесуваат на пораки со страници, администратори на страници и корисници лоцирани во Европа.

Како резултат, пораките на Messenger и Instagram ќе останат без следниве опции (барем додека Facebook не стори сé што е потребно за споменатата врска): испраќање аудио и видео датотеки, документи, галерии и друга мултимедијална содржина. Затоа, во некој иден период, комуникацијата ќе се одвива само во текстуална форма.

Оние кои сакаат да испратат видео или фотографија, ќе можат да испраќаат само директен линк до нив, но не и самото видео. Ако се обидат да испратат видео или фотографија, ќе добијат известување за грешка.

Сепак, и покрај овие „мерки“, претходно испратените мултимедијални содржини сепак ќе бидат достапни за корисниците.

Фејсбук сè уште нема одговор на прашањето колку долго ќе трае усогласувањето со европските правила.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma