Мицкоски: Има КАТАСТРОФАЛНИ резултати во економијата, пад на извозот од 60%, потребно е пакетите за поддршка да важат за јули и август

popara9 јуни, 20201min00
Мицкоски: Има КАТАСТРОФАЛНИ резултати во економијата, пад на извозот од 60%, потребно е пакетите за поддршка да важат за јули и август

Корона заразата одзема животи. А, комисијата за заразни болести не е на нивото на задачата, и главниот проблем е што се исполнуваат политички нарачки, наместо да се носат одлуки за заштита на здравјето, ова денеска преку изјава за медиумите го истакнува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-Во ситуација кога се вклучува политичкиот калкулатор за броење на новозаразени, а со цел да се глуми нормалност наместо реално да се тестира, секоја погрешна одлука ќе се врати како бумеранг со поголеми проблеми од претходно.
И не сме веќе влезени во слепа улица поради клучните амбиции на Заев, кариерата на Спасовски или диктатите врз комисијата, туку државава се движи во еднонасочна улица во сосема спротивната страна од насоката на движењето.
Сите држави околу нас излегоа како победници од кризата, а ние се претвораме во балкански Вухан со бројки како на самиот почеток на светската пандемија. Јас не сум доктор, и не сум медицинско лице, ќе оставам експертите и стручните лица да елаборираат за останатото, но јас сум подеднакво загрижен за она што се случува во економијата. Таму ни се случува навистина стравичен пад. И во продолжение на денешното обраќање ќе споменам неколку индикатори кои што се од клучно значење за иднината на нашата македонска економија, но и за иднината на реалниот сектор.
Имено, во текот на вчерашниот ден, Државниот завод за статистика го објави показателот односно параметарот кој што го детерминира растот на БДП во првиот квартал, вели Мицкоски.

Тој додава дека сеќавате кога Заев, Спасовски, Царовска, Ангеловска не убедуваа дека блескаме, дека економијата практично соборува резултати? Е, вчерашниот податок сето тоа го демантира, но го демантира на брутален начин. Имено, катастрофалниот низок раст на македонската економија во првиот квартал изнесува нешто повеќе над нулата или цели 0.2%. А, каков е случајот во околината и каков е случајот со останатите балкански земји?

-Имено, соседна Србија книжи раст од цели 5%, понатаму Турција од 4.5%, Хрватска 0.4%, соседна Бугарија од 1.2%. И сите овие кои што неколкукратно имаат поголем БДП од нас во првиот квартал го демантираат она кое што го велеше Зоран Заев и во парламентот кога ја примопредаваше функцијата премиер, односно претседател на Владата, и сето она кое што понатаму го спомнуваа ресорните министри дека блескаме и дека економијата ни е на прав пат. Но, втор индикатор кој исто така загрижува и кој што можеби прв пат ни се случува после неколку години е намалувањето, драматичното намалување на извозот во првите четири месеци од годината, а најмногу тоа се чувствува практично во четвртиот месец или месец април. Имено падот во месец април изнесува цели 60% на извозот. Ќе повторам македонската економија успеала да извезе стоки во светот за 60% помалку овој април споредено со април во 2019 година, а во првите четири месеци почнувајќи од први јануари завршувајќи со триесетти април македонската економија успеала да извезе за 21.5% помалку стока споредено со истиот период во 2019 година. Ќе повторам во првите четири месеци од 2020 година македонската економија успеала да извезе за 21.5% помалку од тоа што го направила за истиот период во 2019 година, вели Мицкоски.

Тој потенцира дека нема да споменувам дека е катастрофална ситуацијата во реалниот сектор. Нема да споменувам дека е катастрофална ситуацијата во економијата и во стопанството. Тоа впрочем го говорат надлежните во стопанските комори.
Единствено што ми преостанува е да ја замолам Владата да се надмине себе си, да го надмине оној примитивизам кој што ги опкружува. Нека ги продолжат мерките за помош на реалниот сектор и стопанството и да не завршат тие заклучно со месец мај. Да ги продолжат и за месеците јуни, за месеците јули и за месецот август затоа што тоа му е потребно на реалниот сектор. Само здрав реален сектор ќе значи и здрава македонска економија. Сосема на крај вам почитувани пријатели, почитувани сограѓани сакам да ви посакам добро здравје на вам и на вашите семејства и чувајте се, истакнува Мицкоски во своето видео обраќање.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma