Мицкоски: Летувајте во Македонија, на планина или езеро и помогнете!

popara16 мај, 20201min00
Mickoski

Доаѓа летото и многумина од семејствата со право си ги поставуваат дилемите каде би го поминале својот годишен одмор или пак можеби продолжен викенд за релаксација со најблиските, порача во своето видео обраќање Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува неговата изјава:

Секој има право на заслужен одмор. Тоа е нешто кое секое семејство го заслужува.

Но тоа носи и извесни дилеми, ако се знае дека поминуваме низ тежок период на економска и здравствена криза. И оправдано со тоа и грижите за зачувување на здравјето но и обезбедување на финансиски средства истиот да се подмири.

Кризата не учи да бидеме рационални и да помагаме на другите.

Секој од вас може да помогне. Се прашувате како? Летувајте во Македонија, на планина или езеро. А Македонија со својата природа и своето културно и природно богатство има што да понуди.

Убеден сум дека покрај тоа што ќе ја истражите и ќе уживате во Македонија, така помагате и на стопанството, придонесувате луѓето да си ги задржат своите работни места, а едно сочувано работно место е заедничка победа, а победите пак се повеќе среќа, подобра заедничка иднина.

Затоа летувајте во Македонија, на планина или езеро. Уживајте во нашата Македонија и помогнете.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag