Избега од дома кога виде дека тоа може да подметне и пожар
Холи Амстронг ја чува куќата на едно семејство кое се повлече од градот поради корона вирусот оваа година. Досега, таа не забележа ништо чудно – всушност, сѐ до мај.
Тогаш се чинеше дека една стара, детска кукла во гардероба се премести во однос на местото каде што беше оставена.
Таа тој момент го припишуваше на замор и стрес од сè околу епидемијата на коронавирус и продолжи со својата вообичаена рутина.
Сепак, пред неколку дена, повторно се случи нешто гадно – куклата ги мрдаше нозете во гардероберот и се слишаше тропкав звук удирајќи ги петиците.
Холи беше шокирана и го зеде телефонот за да го сними тоа. Кога објави на TikTok, доби повеќе од 11 милиони прегледи и лајкови. Таа вели дека куклата исто така фрлала чкорчиња на подот и дека таа избегала од куќата.
Сега донесе одлука да не влегува повеќе во таа куќа и дека луѓето на кои ја чуваше ќе мора да најдат некој друг.
„Им кажав што се случи, тие ми рекоа дека ќе спроведат внатрешна истрага за куклата“, рече Холи.