По веста дека кинеските власти го изолирале корона вирусот на пакувањето на замрзнати пилешки крилца, постоела загриженост дека корона вирусот може да се пренесе со консумирање храна.
Сепак, здравствените експерти за CNN велат дека нема докази дека корона вирусот може да се пренесе преку храна.
- Нема простор за паника, велат тие. Точно е дека вирусот е откриен во храната во Женшен, Кина, го потврдија официјалните власти, но тие не го именувале брендот.
Резултатите на луѓето кои потенцијално имале контакт со заразени пилешки крилца се досега негативни, потврдија кинеските власти.
- Овој вирус е главно респираторен и се пренесува од личност до личност, рече д-р Иан Вилијамс, шеф на Центрите за превенција и одговор на САД, кој ги испитува болестите поврзани со потрошувачката на храна и вода. Во овој момент, нема докази дека евентуалното консумирање на загадена храна има какво било влијание врз ширењето на епидемијата, истакнува Вилијамс.