Мислам дека нема дете, кое не ги слушнало мудростите од својата мајка додека растело, а веројатно и денес новите родители прибегнуваат кон овие “едукативни трикови”. Како и да е, јас до ден денешен ги паметам, и на пример секогаш кога ќе голтнам мастика, прво што ми паѓа на памет е дека ќе ми остане во цревата засекогаш…што ти е мајчинска мудрост и влијание, нели?
Во продолжение неколку мудрости, за кои гарантирам дека сте ги чуле од вашата мајка.
Мудрост број 1: Ќе ти се расипат забите од јадење благо
Вистината е: Се разбира дека има вистина во ова, но исто така, непобитна вистина е дека некои од јагледните хидрати, како на пример оние кои се содржани во белиот леб и тестенините можат да им направат поголем проблем на забите отколку шеќерот во слатките работи, зашто во устата се создава киселина од остатокот од храна. Плунката може да го раствори шеќерот, но не и овие јагледни хидрати кои ферментираат.
Мудрост број 2: Косата ќе ти порсне потемна и погуста ако ја скратиш косата лустер
Вистината е: Кога косата повторно ќе порасне од овој зафат, можеби ќе изгледа погуста, зашто кратката коса изгледа како густа четка, но тоа е само привид.
Мудрост број 3: Јади моркови, за да не ти се расипат очите
Вистината е: Бета каротенот во морковот е извонреден извор на витамин А, а недостатокот од овој витамин предизвикува ноќно слепило.
Мудрост број 4: Ако излезеш со мокра коса, ќе се разболиш
Вистината е: Можеби ќе ви биде ладно ако излезете надвор со мокра коса, но тоа не значи дека ќе се разболите. Најчесто се разболуваме од вируси, а не од мокра коса.
Мудрост број 5: Престани да ги пукаш прстите, ќе добиеш артритис
Вистината е: Ова е дефинитивно мит, сепак честото пукање на прстите може да предизвика оштетување на зглобовите.
Мудрост број 6: Ако трудничкиот стомак ти е нанапред, ќе родиш момче
Вистината е: Обликот на трудничкиот стомак повеќе има врска со положбата на бебето, отколку со полот. Ако плодот е свртен со грб од грбот на мајката, веројатно трудничкиот стомаќ ќе расте нанапред.