Таа е дел од гинисовата книга на рекорди.
Мерилин Вос Савант (73) е жена со највисок коефициент на интелигенција во светот.
Родена е како Мерилин Мах, но презимето на нејзиниот татко не го користела долго. Многу рано, таа се убеди дека синот треба да го земе презимето од таткото, а ќерката од мајката.
Како 10-годишно девојче, таа го заврши тестот Stanford-Binet, вклучувајќи низа прашања што ја мерат когнитивната способност преку пет фактори. Вториот беше мега-тест, дизајниран за мерење на коефициент на интелигенција над 145.
Според мега-тестот, нејзиниот IQ бил 186 и а според Stanford-Binet тој бил 228.
После триесет години, таа влезе во Гинисовата книга на рекорди како личност со највисок коефициент на интелигенција во светот, и го држеше тоа место сè додека таа категорија не беше укината во 1990 година.
Иако таа имаше извонреден коефициент на интелигенција, нејзиното образование не се разликуваше од другите деца.
Таа присуствуваше на локално средно училиште и работеше во продавницата на нејзиниот татко. Се запишала на социјални студии и потоа се префрлила на психологија на универзитетот Вашингтон. Сепак, таа се повлече по две години.
Во раните 80-ти, таа се пресели во Њујорк и ја започна својата кариера за пишување. Таа исто така напиша IQ квизови за магазинот „Омни“ пред да се вработи на Парада.
Таа беше колумнист и автор на повеќе книги. Во 1987 година, се омажи со научникот, истражувачот и претприемачот, Роберт Јарвик. Нејзиниот сопруг е познат по улогата во развојот на вештачкото срце Јарвик-7.
Со текот на годините, се водеа дебати за автентичноста на тестовите што го мереа нивото на интелигенција, бидејќи сегашните верзии не дозволуваат резултати над 170.
Постојат илјадници фактори кои можат да влијаат на менталната способност и интелигенцијата. Исто така, не сите тестови се доволно опремени за да се справат со сите.
Мерилин е несомнено една од, ако не и најпаметната личност на светот, но интересно е што не излезе од анонимност и таа е една обична жена.