Една 113 годишна старица за која се верува дека е најстарата жена во Шпанија, оздравела од коронавирус.
Во март било потрврдено дека Марија Брањас има коронавирус. Таа имала само благи симптоми на болеста. По неколку недели во карантин, Марија оздравела.
Родена во 1907 година, Марија Брањас веќе ја преживеала епидемијата на шпанска треска, како и Шпанската граѓанска војна.
Таа има три деца, 11 внуци и 13 правнуци. Последните две децении живее во дом за стари лица во Каталонија, каде што се заразила со коронавирусот, а двајца жители на домот починале.