Актерот Ник Кордеро (41) е заразен со коронавирус, а за да биде несреќата поголема, по компликациите кои се појавиле, лекарите морале да му ја ампутираат левата нога.
За неговата состојба јавноста била информирана од неговата сопруга.
– Денсека дознавме лоши вести. Разредувачите за крв кои помагаа во крвните згрутчувања во левата нога на Ник му предизвикале внатрешно крварење. Му ги укинаа разредувачите, но како последица му се појавија нови згрутчувања, така што денеска ќе му ја ампутираат левата нога- напишала Аманда.
По неколку часа, таа повторно се огласила
– Сега ми се јавија од болница. Ја преживеал операцијата и сега се одмора. Преживеа! Тоа е голема вест бидејќи неговиот организам е многу слаб!- напишала сопругата на актерот.
Ник бил 18 дена на интензивна нега, откако било потврдено дека е заразен со коронавирус.