Интернет криминалци преку dark web нудат крв која наводно ја донирале пациенти излечени од Ковид-19 како “пасивна вакцина против коронавирусот”.
Ова го откриле група истражувачи од Австралискиот национален универзитет занимавајќи се со проблемите на сајбер криминалот во периодот на пандемија, а истражувањето го објавил Австралискиот институт за криминологија.
Крвта е само еден од стотина други производи поврзани со коронавирусот кои се нудат на црно, а најзастапени производи кои се нудат тука се заштитна опрема и средства за кои постои сомнеж дека се крадени во продавници или аптеки.
Една доза на “крв со антитела на коронавирусот” се нуди по цена од 25 илјади долари!