На мекици во Охрид се заразиле 12 луѓе, над 40 се во самоизолација: Таткото е извор, а поканети се 200 лица

popara12 јуни, 20201min00
ohrid

Дванаесет луѓе во Охрид се заразиле со коронавирус на семејна прослава на која се славело раѓање на бебе, а преку 40 се ставени во самоизолација, потврдија за НОВА во Центарот за јавно здравје во Охрид. Меѓу заболените кои биле на мекиците е и таткото на бебето за кој се претпоставува дека е изворот на овој нов кластер. Тој е хосипитализиран во болницата во Битола, со лесна клиничка слика.

-До денес се потврдени 12 позитивни случаи заедно со таткото за кој се смета дека е изворот, а над 40 луѓе се во самоизолација. Таткото на бебето е хоспитализиран со лесна клиничка слика. Меѓу луѓето кои се во самоизолација има и со симптоми, со полесна клиничка слика, но и без симптоми. Направивме преку 20 тестирања, чекаме уште резултати, велат за НОВА, во Центарот за јавно здравје во Охрид.

Неофицијално, на прославата за два дена дошле околу 200 луѓе. Семејната прослава се случувала во дворот на куќата. Во Центарот за јавно здравје велат дека не знаат колку точно луѓе биле на прославата, туку дека тие вршат тестирање и ги утврдуваат контактите. Сепак, информациите од таткото и епидемилошката анкета, треба да исфрлат податок колку луѓе имало таму.

И во СВР Охрид немаат прецизни податоци колкав број на луѓе дошле да честитаат тие два дена на семејната прослава, но претпоставуваат дека 200 е преголем број. Претпоставките се дека можеби биле стотина. Полицијата не била повикана да интервенира за нарушување на ред и мир за време на настанот.

„СВР Охрид врши контрола врз лицата со решенија за самоизолација и врз лицата кои потпишале изјава за самоизолација по насока на матичен лекар. Меѓу нив се и овие луѓе кои биле присутни на таа семејна прослава“, изјави за НОВА, Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид за НОВА.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag