Која е причината поради која виролозите предупредуваат за миењето раце?
Одговорот на ова прашање може да се види во видеото кое го објавил белгискиот виролог Марк ван Ранст на Twitter. На ова видео може да се види како корона вирусот се шири во затворен простор.
Сево ова било дел од експеримент кој е направен во Јапонија. Од десет луѓе во ресторанот еден од гостите глумел заболен со симптоми на корона вирус односно на еден од ракавите имал флуоросцентна боја која не е видлива на дневна светлина. Таа боја го претставувала всушност вирусот.
Според ова, има 10 луѓе во просторијата и еден заразен кои седат на иста маса. После половина час светлата се изгаснале и под ултравиолетова светлина може да се види каде завршила флуоросцентната боја која претставувала вирус.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=20&v=JT8DnOlzMJs&feature=emb_titleБојата може да ја забележите на учесниците во експериментот, на приборот за јадење и на масите.