НА ПОВИДОК ЛИ Е ГРАЃАНСКА ВОЈНА И СМРТ НА ПОЛИТИЧКИОТ СИСТЕМ ВО САД: Добро познатиот непријател на Америка ги користи немирите за сопствена цел!

popara13 јуни, 20202min00
graganska vojna

Терористичката група Ал Каеда активно се обидува да го искористи сегашниот хаос што владееше во Соединетите држави заради антирасистичките протести што ја зафатија таа земја, но и светот по смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд заради бруталното апсење.

Ал Каеда се обидува да им пристапи и на муслиманите и на немуслиманите, со цел да се претстави како „шампион на угнетените“.

Најновиот број на онлајн магазинот на џихадистичката група „Van Umah“ (Една заедница) искористи фотографија од последните моменти на Џорџ Флојд и слика на славниот графити уметник Банкси за да ја презентира нивната порака, несакана поддршка на демонстрантите во САД, пишува ВВС.

Изданието – инаку на англиски јазик – јасно е насочено кон домашната американска публика, предвидува непосредна смрт на Соединетите држави и нејзиниот политички систем, како и на економски и социјален план.

„Вооружените протести беснеат низ Америка и граѓанската војна се чини дека е на хоризонтот“, се вели во соопштението на ВВС.

Една од пораките е: „Дури и демократите не можат да ви помогнат, но ние можеме“.

Мина ал Лами од ВВС Мониторинг вели дека постои разлика во пристапот меѓу Ал Каеда и нејзиниот главен ривал, Исламска држава (ИСИС). Додека ИСИС едноставно се радува на неволјите во Соединетите држави и предвидува ширење немири во други земји, Ал Каеда е далеку посуптилна и се обидува да допре до Американците, со цел да ги придобие.

ВВС посочува дека статијата очигледно е напишана од некој кој има добро познавање на она што се случува во Соединетите држави.

Ал Каеда во последниве години е во сенка на ИСИС, но д-р Шираз Махер, директор на Меѓународниот центар за истражување на радикализација на Кингс колеџ во Лондон, смета дека групата проактивно се обидува да покаже дека останува релевантна на светската сцена.

  • Протестите на „Црните животи се важни“ во моментов се голем настан … што има каскадно дејство низ целиот свет и надвор од медиумите и политичката сфера, во културното и уметничкото поле. Затоа, Ал Каеда бара да се инфилтрира во областа и да се обиде да каже: „Гледајте, овде сме“, рече Махер.

ВВС наведува дека е иронично тоа што групата со најрепресивни и најкрвави идеологии на Блискиот исток сега се претставува на лутите Американци како шампион на причините за нивниот бунт – полициска бруталност и системски расизам.

Ал Каеда, која изврши најтешки терористички напади во историјата на САД за време на Осама бин Ладен, во септември 2001 година, воведе такви нетолерантни правила додека ја држеше ирачката провинција Фалуџа, така што на пример тие ги отсекоа прстите на луѓето кои беа фатини како пушат цигари.

Оттогаш, нивните насилни ограноци се појавија низ целиот свет, вклучително и ИСИС.

Сепак, и покрај повремените, изолирани напади, и двете групи досега не успеаја да изградат значителна поддршка меѓу американското население, за разлика од Европа, во чии градови се појавија групи џихадистички симпатизери уште од 90-тите.

Со месеци, западните разузнавачки агенции предупредуваат дека Ал Каеда не исчезнала, туку едноставно ја чека вистинската можност. Годинава и Ал Каеда и ИСИС се радуваа на здравствената криза поврзана со пандемијата на корона вирусот која најмногу ги погоди САД и Велика Британија, наведувајќи дека е одмазда за нивните постапки на Блискиот исток. Сепак, над 175.000 луѓе во моментот се заразени во Иран, а Египет секојдневно пријавува околу 2.000 нови случаи на инфекција.

Денес, оваа џихадистичката група се обидува да создаде заедничка цел со оние кои демонстрираат во Соединетите држави заради полициската бруталност и расната дискриминација, поттикнувајќи ги на насилство.

Ако нивната интервенција воопшто се забележи, тие сигурно нема да бидат добредојдени меѓу демонстрантите, посочува ВВС. Ал Каеда е терористичка организација што уби најмалку 3.000 Американци во нападот на 11 септември 2001 година, и вети дека тие ќе останат нејзина мета.

Па, колку треба оваа вест да ги загрижи безбедносните службеници? Д-р Махер, кој веќе 20 години ја проучува Ал Каеда и неговата идеологија, смета дека станува збор за искористување на можноста.

– Природата на овој вид пропаганда е дека секогаш се обидуваат да ја вклучат својата мрежа некаде. Само треба една јадица во една личност да рече: „Погледнете колку успешна беше нашата кампања“. Тоа е голема тешкотија со која се соочуваат западните разузнавачки служби и безбедносните сили кога се обидуваат да го намалат овој вид закана – заклучи Махер.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma