Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ја поддржа иницијативата што ја започна српскиот тенисер Новак Џоковиќ за формирање фонд за најдобри играчи во светот, за да им се помогне на пониско рангираните тенисери.
Шпанецот истакна дека формирањето на овој фонд му помага на тенисот како целина.
“Воведени се различни мерки, од кои едната е да се финансираат стотте најдобро рангирани тенисери, да се донираат пари за да им се помогне на другите. На овој начин, се помага на тенисот целокупно, не само на играчите. Во вакви тешки времиња, мора да размислиме за оние што се во полоша позиција од нас “, рече Надал.
Да ве потсетиме, идејата на Новак не беше прифатена од сите тенисери, многумина се против оваа иницијатива. Доминик Тим беше прилично остар, смета дека не секој заслужува да му се помогне и дека сака да избере кому да му ги даде парите.