Потребно е:
500 гр кора за баклава
500 гр мелени ореви
200 гр маргарин
100 мл масло
100 гр шеќер
Прелив за баклава:
3 чаши (250 ml) шеќер
4 чаши вода
1 лимон – сок
Подготовка: Измешајте мелени ореви и 100 гр шеќер. Тавата подмачкајте ја, па ставете 2 кори, посипете ги со ореви, повторно 2 кори, ореви и така редете до крај. Одозгора треба да има 2 кори. Исечете ја баклавата на коцки или триаголници со остар нож. Ставете маргарин и масло на шпоретот за да се стопи маргаринот. Истурената баклава истурете ја со стопен, врел, маргарин и масло, а потоа оставете ја баклавата да ја апсорбира маснотијата околу 10 минути. Печете на 180 степени.
Прелив за баклава: вода, шеќер и сок од еден лимон да се вари. Од моментот на вриење, варете го сирупот 10 минути. Истурете топол сируп врз оладената баклава.