По патеките што проаѓаат по Швајцарските Ниесен планини на Алпите, има најдолго скалило на светот кое може да го поминете само еднаш годишно, за време на трката до која цел може да стигнат само издржливи тркачи.
Петстотини учесници секоја година во јуни се обидуваат да го срушат рекордот од еден час и две минути, освен во случај на снег кога трката е откажана.
11 674 скали се протегаат 3,4 километри по планина што Швајцарците ја нарекуваат нивната пирамида заради нејзината карактеристична форма. Скалите биле изградени за потребите на работниците кои ја одржуваат жичарницата изградена во 1910 година, со која исто така можете да стигнете до врвот.
Тркачите на врвот ги чека прекрасен панорамски поглед на природата, врвовите и историските градови како Шпиз, Интерлакен и Кадерштег. Покрај скалите, има и пешачки патеки, како и жичарници до врвот на планината. Погледнете како изгледа трката во видеото.