Најдолгиот населен мост на светот од кој жителите никогаш не се отселиле!

popara18 мај, 20202min00
ерфурт

Германскиот Трговски мост Krämerbrückes кој се наоѓа недалеку од градот Erfurt, со своите 79 метри е најдолгиот населен мост на светот.

Овој феномен е изграден во 12 век. На почетокот бил мост од дрвена конструкција преку реката Гера во областа Тирингија. Заради опасности од пожари, сто години подоцна дрвото е заменето со камен, но оганот не го поштедил Krämerbrückes.

Во еден пожар настрадал и околниот Erfurt, но упорните жители не се плашеле да градат нови куќи од двете страни на мостот. Катовите растеле во висина се додека Трговскиот Мост не станал четвртина од 62 тесни куќи од кои секоја има по три ката.

На приземјето кај повеќето од нив денес има продавници за рачно изработени сувенири или антиквитети, а на катовите живеат нивните сопственици. Денеска мостот е едно од омилените места кои го посетуваат туристи и постојано купуваат рачно изработени спомени кои ја симболизираат приврзаноста на жителите кои со векови не се откажале од Трговскиот мост.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag