Медиумите во регионот пренесуваат дека Александар Вучиќ во склоп на комплексот “Белград на вода”, договорил изградба на голема џамија. Како што наведуваат според неофицијални најави од Обединетите Арапски Емирати, џамијата е централен дел од архитектонските планови на овој проект.
“Џамијата е проектирана така што по големина и раскош ќе ја надмине најголемата џамија во Европа која се наоѓа во Рим”. Медиумите исто така наведуваат дека претставници на српски архитекти кои работат на овој проект тврдат дека ова официјално е договорено со Арапите, но од политичка причина сеуште не им е соопштено на граѓаните на Србија.