Најмладата милијардерка Кајли Џенер често сака да споделува детали од нејзиниот приватен живот со своите фанови.
Сестрата Ким Кардашијан најмногу тоа го прави преку социјалната мрежа Инстаграм, а овој пат ги „почести“ своите следбеници со нов материјал.
Имено, Кајли „се фрли“ во чистењето на својот дом, поточно плакарот.
Таа сликаше се во него, така што фановите јасно можеа да видат каков вид на чевли и чанти поседува.