Најмоќната блогерка противник на Фотошоп – задникот го покажа во реално издание!

31 јули, 20200
chiara

Италијанката Кјара Ферањи, една од најпопуларните блогерки во светот, а во исто време и моден дизајнер и ТВ личност, ужива во нејзината татковина, каде го поминува целото лето заради моменталната состојба во светот.

Во моментот престојува во Сардинија со сопругот и синот, од каде ги израдува своите 20 милиони следбеници со неколку жешки слики во бикини со различна боја.

Малку задникот, малку предниот дел… Таа покажа се што има, но важно е да се напомене дека овие фотографии немаат никакви филтри за разубавување, кои блогерите ширум светот ги користат до максимум.

Забележително е дека на Кјара и се допаѓаат танга бикини. Таа особено воодушеви со својот изглед на фотографијата во која носи леопард бикини каде го покажа телото во целосно природно издание, а тоа го истакна и во коментар, потенцирајќи ја природноста пред сè.

Патем, во 2009 година, кога студирала во Милано, Кјара започнала блог наречен “The Blond Salad”, кој прерасна во модна империја, така што пред нејзината 30-та година, заработуваше 8 милиони годишно.

На 7 мај, таа го прослави својот 33-ти роденден во дом во Милано, каде беше во карантин со семејството, но околностите не ја спречија да биде се како во бајка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi