Претходните студии откриле дека смеењето позитивно влијае на самодовербата, помнењето и концентрацијата, го намалува чувството на болка и количината на стрес во организмот. И, што се однесува до здравјето, смеењето позитивно влијае на срцето, регулирање на хормоните, белите дробови, очите, емоциите и активната работа на нервниот систем. Кога се смееме, одеднаш излегува воздух од белите дробови и се зголемува потребата за кислород. Работата на срцето станува побрза, а крвниот притисок се зголемува, така што телото прима повеќе кислород.
Смеењето ослободува ендорфин, хормон кој ја намалува чувствителноста на болка. Кортизолот, хормон на стрес, е значително намален и со тоа ризикот од несоница, депресија и разни грижи е помал. Се верува дека смеењето делува како медитација, па затоа делува смирувачки на нашето тело. Има силно антидепресивно својство и ги ублажува воспалителните процеси.