Најнеобичната плажа во светот – совршена за љубовни парови

popara1 јуни, 20201min00
profimedia-0377474742-725x483

Playa de Amor, егзотична “скриена плажа”, сместена на еден од ненаселените Маријета острови во Мексико, ги фасцинира туристите од цел свет.

Playa de Amor или Плажата на љубовта се наоѓа на околу 20 наутички милји одалеченост од градот Puerto Vallarta и до неа може да се стигне пливајќи низ тунел или пак со едночасовно возење со брод или кајак.

Маријета островите се ненаселени, а поради богатата флора и фауна, заштитени се од страна на Мексиканската Влада. Освен тоа, во почетокот на 20-от век, била тестирана воена опрема токму овде, па се смета дека островите се полни со неексплодирани експлозивни направи.

Островите се прогласени за Национален парк и заштитени се од лов, риболов или било кои други човечки активности.

Плажата е вистински рај за љубителите на нуркањето. Морските желки и делфините се само дел од животните кои можат да се сретнат овде. Се препорачува плажата да се посети во текот на зимските месеци, по сезоната на дождот, кога морската вода е најчиста.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag