Најголемиот и најлуксузен брод од почетокот на 20 век, „Титаник“, како што на сите нам ни е веќе познато, потонл на 15 април 1912 година – во чија несреќа починале 1.523 луѓе, сметајќи ги патниците и вработените.
На своето прво патување од Велика Британија до Соединетите Американски држави, Титаник погодил во ледениот брег на Северен Атлантик.
Иако се сметал за „непотопив“, тој потонал за само 2 часа и 20 минути. „Титаник“ го командувал капетанот Едвард Смит, кој исто така го изгубил својот живот во оваа несреќа.
Бродот ги пренесувал некои од најбогатите луѓе во светот, како и стотици иселеници од Велика Британија, Скандинавија и цела Европа, кои сакале да започнат нов живот во САД.
Сместувањето за патниците од прва класа овозможувало врв на удобност и луксуз, сала за вежбање, базен, библиотека, ресторани и кабини.
Иако „Титаник“ имал напредни безбедносни фактори како што се водни прегради и далечински затворени водоотпорни врати, заради застарените регулативи на поморската безбедност, тој имал чамци за само 1.178 лица, што е една третина од нејзиниот капацитет.
Бродот имал 16 мали дигалки за чамци – можеле да спуштат по три чамци, вкупно 48. Но сепак, „Титаник“ носел само 20 чамци.
Несреќата на „Титаник“ е една од најголемите и најпознатите поморски несреќи досега.