Ова се најскапите коктели во светот

29 јули, 20200
kokteli 2

10. Truffle Martini, цена 100 долари.

Овој коктел можете да го пробате само во лондонскиот хотел Rocco Forte’s Browns Hotel. Составот на овој егзотичен напиток е: мартини и чоколаден ликер, но главната состојка е тартуфот, кој треба да отстои 2 дена во водка.

9. Ritz Sidecar, цена 515 долари.

Овој коктел може да се проба во барот „Hemingway” на парискиот хотел „Ritz”. Но мора да побрзате, бидејќи во составот на овој напиток, освен сокот од лимон и ликер Kuantro, влегува и многу редок вид на коњак „1830 Ritz Reserve”, чии залихи се само неколку шишиња.

8. Magie Noir, цена 550 долари.

Основата на овој исклучителен коктел е крем-ликерот од Crème de Mure, шампањот Dom Perignon и коњакот Hennessy. Овој прекрасен пијалок може да се проба само на едно место, во лондонскиот клуб – Umbala.

7. High Roller Martini, цена 1000 долари.

Oвој коктел може да го пробате во ресторанот Capital Grille во Лас Вегас. Вредноста на овој пијалок не се одредува според неговиот состав или уникатниот квалитет на вкусот, туку на други фактори. Имано, половина од вредноста на овој коктел оди во хуминтарни цели, а самиот коктел се служи со стаклено стапче на кое има прстен со дијаманти.

6. Kentucky Derby’s Special Mint Julep, цена 1000 долари

Се служи еднаш годишно на трките со коњи Kentucky Derby. Иако составот е едноставен: бренди со вода, нане, шеќер и лед, сепак цената се одредува според квалитетот на состојките. Во пијалокот се додава колекционерски виски Woodford Reserv, лисјата со нане стигнуваат директно од Ирска, најдобриот шеќер е од Австралија, а ледот е од ладните, баварски Алпи. Пијалокот се служи во позлатени чаши со сребрени цевки.

5. Mai Taim, цена 1400 долари

Овој коктел можете да го пиете во тајландскиот хотел со 5 ѕвезди – Merchant Hotel. За основа служи румот од Јамајка, од кој во светот има уште околу 6 шишиња. Како што кажуваат сопствениците на хотелот, секое шише рум се наоѓа во вински подрум под посебен надзор.

4. Platinum Passion, цена 1500 долари.

Овој коктел, можеби, е најегзотичен на оваа листа. Чаша од овој пијалок може да добиете во њујоркшкиот ресторан Duver Lounge. Коктелот се состои од францускиот елитен шампањ Ruinart и колекционерскиот коњак L’Esprit de Courvoisier. Посебен вкус му даваат исцедениот сок од лимон, сирупот од маракуја, од јагода, шеќерот од бамбусова трска и дивиот мед. Секоја чаша е украсена со орхидеја.

3. Sapphire Martini, цена 3000 долари.

Сафирниот мартини се служи во ресторанот на казиното Foxwoods Resort, во државата Конетикат. Високата цена на овој напиток е одредена од неговите состојки. Коктелот се состои од: ликер Blue Curacao, лондонскиот сув џин Bombay Sapphire и неколку капки сув вермут. Се служи во дизајнирана чаша, претходно обложена со плав шеќер. Вообичаената маслинка, е заменета со копче од средба, со мали менѓуши. Синиот сафир на накитот е обвиен со платина.

2. Diamond Cocktail, цена 4350 долари

Дијамантскиот коктел може да се проба во Piano Bar во Лондон. Во составот на овој преубав коктел влегува елитниот коњак Remy Martin Louis XII, кој чини 2000 долари и шампањот Charles Heidsieck Vintage 2001. Во коктелот се додава коцка шеќер и 3 капки битер лемон. Чашата за служење е украсена со дијамант, чија големина ја одредува конечната цена на коктелот. Максималната цена е 9000 долари.

1. Martini of The Rock, цена 10.000 долари

Овој коктел, без сомневање, е сон на секоја жена. Може да се проба во барот на њујоршкиот хотел Alonquin Hotel. Се смета за идеално гасење на жедта. Рецептот за коктелот е многу едноставен: во бокал со ладно мартини се ставаат дијаманти од 1,5 карати. Оние кои сакаат да го пробаат овој коктел мораат прво да бидат известени за цената, а каменот може секој за себе да си го бира сам.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi