НАПРАВЕН ТУНЕЛ ОД СРПСКА СТРАНА НА ГРАНИЦАТА СО УНГАРИЈА! Реагира и војската и полицијата. Мигрантите тешко се контролираат…

popara8 јуни, 20201min00
policija ungarija

Повторно почнуваат …..

Минатиот викенд, унгарската полиција спречи повеќе од 300 мигранти илегално да влезат на територијата на Европска Унија.

Граничните полицајци пронајдоа 54 лица кои се обидоа да прескокнат или да ја пресечат жичана ограда на унгарско-српската граница, додека 258 мигранти беа пронајдени во граничната зона без документи.

Повеќето од нив се декларираат како Сиријци, а потоа следат граѓани од Ирак, Иран, Авганистан и Палестина.

Полициските службеници во округот Бац-Кискун, во соработка со унгарската армија, откриле тунел под жичана ограда на границата, во близина на градот Морахал.

Унгарската полиција смета дека тунелот висок 40 сантиметри и долг 24 метри бил користен за криумчарење мигранти од српска кон унгарска страна.

Ова е трет подземен премин под оградата што унгарските гранични власти го откриле минатата година во тоа подрачје.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag