НАУЧНИЦИТЕ ЈА РАЗРЕШИЈА МИСТЕРИЈАТА НА ЏУЏЕСТАТА ПЛАНЕТА: Откриено е од каде доаѓаат белите „дамки“ на површината на Церес

popara12 август, 20201min00
PIA24022_hires

Научниците открија дека астероидот Церес на длабочина од околу 40 километри крие огромен резервоар со заситена солена вода на ширина од неколку стотици километри

Џуџестата планета Церес, најголемиот астероид помеѓу Марс и Јупитер, веќе долго време се сметаше за обична карпа. Но, Церес започна да привлекува внимание и да ја разбуди љубопитноста на научниците кога во 2018 година леталото НАСА- Dawn собра нови податоци за ова, дури 1.000 километри во дијаметар, голем астероид.

Тогаш Dawn се приближи до Церес на само 35 километри, обидувајќи се да „открие“ зошто нејзината површина е невообичаено бела. Благодарение на поквалитетните слики, научниците сфатија дека тајната лежи во слоевите на натриум карбонат, односно дека зацврстената обвивка од сол таму мора да остане по ерупцијата на големи количини на течност на површината и нивно испарување.

Под површината се наоѓа огромен резервоар на вода заситена со сол

Но, тајната е сè уште од каде потекнува таа течност. НАСА објави дека тајната сега е решена по истовременото објавување на резултатите од истражувањето во научните списанија „Nature Astronomy“, „Nature Geoscience“ и „Nature Communications“ на почетокот на оваа недела.

Иако масата на Церес е само четири проценти од масата на Месечината, оваа џуџеста планета содржи целa третина од масата на астероидниот појас и со дијаметар од приближно 1000 километри е доволно масивна за гравитацијата што довела до нејзината округла форма. Проучувајќи ги овие гравитациони специфики, научниците откриле дека Церес всушност крие огромен резервоар со вода заситена со сол на длабочина од околу 40 километри и ширина од неколку стотици километри.

Продолжен список на тела во Сончевиот систем што имаат вода на нив

Во помала мера, овој резервоар со вода заситена со сол избувна на површината во областа на кратерот „Октатор“, со дијаметар од 92 километри. Откриено е дека кратерот е релативно млад, нешто помалку од два милиони години, а водата повремено испарува во вселената.

Со ова откритие, Церес стигна и до списокот на планети, сателити и астероиди во сончевиот систем кои имаат вода на нив. На списокот се наоѓа Земјата, Јупитер сателитот Европа со својот течен океан вода под ледената кора, сателитите на Сатурн Енкелад и Ганимеде, Марс во замрзната состојба, Уран и Нептун за кои се верува дека кријат вода под нивните гасовити слоеви и целосно замрзнатиот Плутон. НАСА проценува дека има меѓу 25 и 50 пати повеќе вода во Сончевиот систем отколку што има на Земјата.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag